ПОСВЕТЕНИ ДА ГИ ИСПОЛНИМЕ
ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА

Претпријатието за производство и изведување на PVC и алуминиумска градежна столарија АЛКОПЛАСТ 03 на македонскиот пазар е присутен од 2000 година. Во своето осумгодишно постоење веќе успеа да изгради имиџ на компанија на која може да и се верува, способна да се соочи и со најголемите предизвици во сферата на завршните работи во градежништвото. АЛКОПЛАСТ 03 денес е реномирано име меѓу производителите на PVC и алуминиумска градежна столарија во Македонија, подготвен да ги задоволи строгите критериуми на инвеститорите и проектантите, а најгоелмата гаранција за тоа се големиот број деловни и станбени објекти чии фасади ги красат прозорци и врати произведени од АЛКОПЛАСТ 03.
Посветеноста кон квалитетот, инсистирањето и до најситните детали да бидат задоволени желбите на клиентите и постојаното следење на најновите технолошки достигнувања во индустријата на градежни материјали, придонесе компанијата да воспостави соработка со најеминентни европски компании производители на PVC и алуминиумски профили и производители на дополнителна опрема за градежната столарија. Во PVC програмата АЛКОПЛАСТ 03 од самиот почеток на своето постоење исклучиво соработува со германската компан ија TROCAL , до дека кај алуминиумската програма соработува со ETEM, ELVIAL, ALUMIL..., што е гаранција за исклучително високиот квалитет на вградените материјали, бидејќи производите на овие светски познати компании ги поседуваат и најпрестижните сертификати за квалитет, како и сертификати за задоволување на најстрогите еколошки стандарди.

Дел од бизнис ангажманот на АЛКОПЛАСТ 03 се и вариолајт ролетните, со што се заокружува програмата за градежна столарија, а на инвеститорите им дава можност на едно место да добијат максимално квалитетно решение.

Инсистирањето да се следи чекорот со светските достигнувања во индустријата на градежни материјали, отвори кај АЛКОПЛАСТ 03 уште една страница во неговиот бизнис ангажман – изработка и изведување на саткло-метал фасади, заштитен знак на градежната индустрија во сите поголеми светски градови, кој веќе е заштитен знак и за бизнис можностите и развојната посветеност на АЛКОПЛАСТ 03.